ВЕСТИСВЕТ

Еурактив: Шолц спречи Урсула фон дер Лајен да се кандидира за шеф на НАТО

Германскиот канцелар Олаф Шолц наводно ја спречил претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, да се кандидира за функцијата генерален секретар на НАТО, пишува Еурактив.

Advertisements

Порталот, повикувајќи се на германските медиуми, наведува дека Шолц категорично се спротивставил на идејата и дека тоа се случило откако американскиот државен секретар Ентони Блинкен ја предложил за функцијата, а американскиот претседател Џо Бајден го прашал Шолц за мислење за ова прашање.

Според изворите цитирани во извештајот, Шолц верува дека највисокото место на НАТО би било премногу моќна позиција за да се даде на член на неговата најголема опозициска партија во Германија, Демохристијаните (ЦДУ).

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button