ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Македонец убиен во Германија, настрадал при тепачка

Македонец (32) бил убиен во германскиот град Есен. Настрадал по расправија со двајца Еритрејци.

Advertisements

Кавгата се претворила во тепачка, а македонскиот државјанин бил удрен со пивско шише, објави германски Билд.

Сведок на настанот веднаш му пружил прва помош и се обидел да го реанимира повредениот кој бил онесвестен, но набрзо починал во болница како последица на повредите.

По извршената обдукција, констатирано е дека починал како последица на нападите од тап предмет, односно поради ударите со шишето.

Обвинителството го истражува случајот. Нема детали што била причината за расправијата.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button