ВЕСТИРЕГИОН

Серија земјотреси го тресат југот на Хрватска

Сеизмолошката служба на Република Хрватска забележала прилично силен земјотрес кај Пељешац утрово нешто по 7 часот. Јачината на земјотресот била 3,8 степени според Рихтеровата скала, пренесува хрватски Индекс.

Advertisements

Ова е четврти земјотрес што од утрово е регистриран во Хрватска.

Претходно, околу пет часот бил регистриран земјотрес со јачина од 3,4 степени според Рихтеровата скала на југот на Хрватска, кај Метковиќ, кој ги разбудил и граѓаните на градот Неум.

На социјалните мрежи хрватските граѓани коментираат дека земјотресите биле кратки, но јаки.

„Метковиќ, добро се затресе, ме разбуди“, пишуваат жителите на Метковиќ и Опузен.

Претходниот ден, потоа беа регистрирани уште два послаби земјотреси со јачина од 2,6 степени.

Во 18:57 часот Сеизмолошката служба на Република Хрватска забележа слаб земјотрес со јачина од 2,6 степени во морето покрај брегот на Пељешац југоисточно од Жуљан.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button