ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Мијалков слободен и од случајот „Трезор“

Кривичниот суд го ослободи поранешниот директор на тајната служба Сашо Мијалков и за делото за кое во 2021 година беше осуден на 8 години затвор. Заедно со него од гонење се спасија и Горан Грујевски и Тони Јакимовски, а за обвинетиот Небојша Стајковиќ постапката е запрена. Случајот „Трезор“ или инаку познат како обвинение за злоупотреба на службената должност се однесуваше на сомнежите на обвинителството за постапката за набавка на опрема за следење електронски комуникации од петтата управа при МВР.

Advertisements

Судијката Имране Селмани, која во образложението донесе одлука за ослободување од обвинението, рече дека ваквата пресуда произлегува од тоа што јавниот обвинител Артан Ајро не успеал да го докаже делото за кое беа обвинети Мијалков, Грујевски, Јакимовски и Стајковиќ. Во повторената судска постапка, Јавното обвинителство го преиначи обвинителниот акт врз основа на кој обвинетите беа гонети за злоупотреба на службената должност, во пречекорување на овластувањата, а не за злоупотреба на службената должност за профит.

„Трезор“ беше единствениот случај во кој Мијалков беше осуден на 8 години затвор за злоупотреба на службата, додека Горан Грујевски како началник на петтата управа во отсуство беше осуден на 15 години.

Стајковиќ и Јакимовски имаа по 5 години затвор. Ова е втора пресуда за случајот „Трезор“, откако во 2022 година Апелациониот суд го врати на повторно судење.

Адриан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button