ВЕСТИСВЕТ

(ВИДЕО) Верижен судир на повеќе од сто автомобили на автопат во Кина

Во верижен судир на повеќе од 100 автомобили во Кина повредени се неколку лица. Судирот се случил на заледен дел од автопат во кинескиот град Сужоу, пренесува Ројтерс.

Advertisements

Во судирот три лица се повредени и хоспитализирани, додека шест се здобиле со помали гребнатинки, информира сообраќајната полиција од градот Сужоу на својот профил на социјалните мрежи.

Од полицијата додаваат дека сообраќајот на автопатот е нормализиран и оти се истражуваат причините за несреќата.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button