ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Мицкоски: Враќањето на таблите кои Заев ќе ги менува ќе бидат една од првите историски грешки кои ќе ги исправиме

Во врска со вчерашната изјава на премиерот Заев дека е подготвен на спомен плочите каде што пишува бугарски фашистички окупатор да остане само текст фашистички окупатор, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски со статус на Фејсбук се огласи дека тој е подготвен да ги исправат сите историски и противзаконски грешки на Заев.
„А, јас сум подготвен, веднаш откако ќе те поразиме со народот, да ги исправиме сите твои историски и противзаконски грешки.
Враќањето на таблите кои ја рефлектираат вистинската историска вистина, а Заев ќе ги смени, ќе биде меѓу првите грешки што ќе ги исправиме“, напиша Мицкоски.