ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

СДСМ ќе предложи законски измени да нема покачување на функционерските плати

СДСМ ќе предложи законски измени да нема покачување на функционерските плати

Пакетот од 7 закони за намалување на функционерските плати во понеделник пратеничката група на пратениците на СДСМ ќе го достави до Собранието. Од извори во партијата велат дека предлозите за измени и дополнувања на 7 закони морале да се направат по иницијатива на пратениците на социјалдемократите бидејќи со месеци не може да се постигне консензус во извршната власт. Од сигурни извори во СДСМ, коалициониот партнер од ДУИ, ја оспорува оваа иницијатива а техничкиот премиер Талат Џафери рекол дека не треба ниту да ги стави на дневен ред бидејќи немало да поминат.

Advertisements

За да ги потврдиме овие гласини, комунициравме со шефот на пратеничката група на СДСМ, Мартин Костовски. Тој ниту потврди ниту демантираше што се разговарало во Владата, но рече дека неговата партија била принудена да направи „бај-пас“ за да ги предложи законите во Собранието по брза постапка поради краткиот временски период.

„Во понеделник по брза постапка до Собранието ќе ги доставиме предлозите за измена и дополнување на седумте закони, со кои се регулираат платите на избраните и именуваните, за намалување на коефициентите на платите на функционерите за да нема зголемување на платите од март, што согласно важечките закони, им следува поради усогласувањето на платите, со зголемување на минималната плата“, рече Мартин Костовски, пратеник на СДСМ.

Доколку не се одобрат овие законски измени, со платата од март покачувањето на платите на функционерите, ќе варира од 300-500 евра повеќе месечно, односно на претседателот ќе биде околу 3000 евра нето, а на пратениците околу 2000 евра. Платите ќе се зголемат на министрите, судиите, обвинителите, градоначалниците.

„Самиот факт што некој зема над 2.000 евра месечна плата, а некој само 300 евра, значи дека во Македонија имаме голема диспропорција во примањето плати во јавниот сектор. Не случајно показателот на коефициентот ни кажува дека распределбата на народните пари е нееднаква. Бројката на сиромаштија е сè уште многу висока, над 21 отсто од населението живее во сиромаштија во Македонија“, нагласи Насир Селими, економски експерт.

Минималната плата од март ќе се покачи на 22.500 денари,а просечната исплатена нето месечна плата во декември 2023 година изнесуваше 39.998 денари, објави Државната завод за статистика. Според податоците, во однос на претходната година е забележан пораст од 16,4%, но овој пораст е почувствуван само во одредени сектори. Надлежните велат дека во буџетот за 2024 година не е предвидено зголемување на платите на функционерите./Алсат.мк

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button