Се одложува изборот на нови обвинители кај Русковска, здравје за на пролет

Изборот на пет нови обвинители во Обвинителството за организиран криминал и корупција ќе почека. Иако Советот на обвинители најавуваше дека до Нова Година екипата на Вилма Русковска ќе се засили со нови пет обвинители, процесот се закочи. Сега очекувањата се дека конечниот избор ќе се направи дури напролет. За петте празни места во организиран криминал конкурираа речиси сите поранешни обвинители во Специјалното обвнителство, освен Ленче Ристовска и Стефчо Донев. Вкупно петнаесет обвинители влегоа во трка за петте места во тимот на Русковска. Но, сега процесот заглави и обвинителството треба да изготви нов протокол кој ќе треба да прецизира кој ќе ги оценува кандидатите бидејќи од годинава е во сила новиот Закон за обвинителство.
На неколку пати – и самата Русковска, како и претседателот на Советот на обвинители посочија дека поранешниоте обвинители на Специјалното обвинителство нема да бидат привилигирани во однос на останатите колеги. Моментално во Обвинителството за организиран криминал заедно со Вилма Русковска работат десет обвинители. Пет нови ќе се бираат и во Вишото скопско обвинителство. И за начинот на оценување на оние кои конкурираа во ова обвинителство ќе треба да се донесе протокол кој ќе ги оценува кандидатите.
Bojan