ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Струшко преполно со септички јами, се загадуваат и езерото и почвите

Голем дел од отпадните води од домаќинствата во струшкото село Радолишта се влеваат во септички јами. Со тоа потенцијално се загрозува Охридското езеро, но и земјоделското земјиште во регионот. Иако главниот цевковод на колекторскиот систем за прочистување на отпадната вода е на само три километри оддалеченост од селото, сепак решение нема.

Advertisements

„Секој што живее покрај крајбрежјето, 90% од јамите одат во езеро. Јас на пример имам две. Не можеш секој ден да ги чистиш. Едно чистење е 100 евра….“

„Проблемот во Радолишта е што нашата земја не ги впива водите. Изградени се подземни базени за отпадни води за објектите кои не се приклучени на системот, сепак тие се полнат до врв и потоа вишокот води и отпадоци излегуваат надвор од земјата…“

Поради овие проблеми некои жители си бараат алтернативни решенија кои исто така не се еколошки.

„…Се случува ваквите јами да се врзуваат во земјоделските канали или бразди за наводнување на нивите. Со тоа се загадуваат воздухот и плодните почви.“

Инаку, постои готов проект за приклучување на домаќинствата на колекторот и на локалната канализација кој би ги опфаќал и селата Заграчани, Теферич и Шум, но нема пари. Новиот директор на „Водовод и канализација – Струга“, Дашмир Насуфи, ни кажа дека бил делумно запознаен со проблемот и оти ќе требало подетално да се запознае со него. Се проценува дека во канализација завршуваат помалку од половина од отпадните води од домаќинствата во струшко, додека на потегот од Радожда до Струга со канализација е опфатено само 15% од населението.

Miki Trajkoski

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button