„Скандалозно и авторитарно однесување на Талат Џафери“
„Скандалозно и авторитарно однесување на Талат Џафери“

Скандалозно и авторитарно однесување. Вака Движењето БЕСА ја опиша вчерашната посета на техничкиот премиер Талат Џафери на полициската станица во Тетово. Блерим Сејдиу вели дека секоја институција предводена од, како што рече, газдите на ДУИ е во мизерна состојба, а од премиерот Џафери побара да преземе одговорност и да најде решение за хаосот што се создава со личните документи.
„Вчера Талат го истресе врз државните службеници револтот од својот и од неуспехот на неговата партија, заборавајќи дека тие институции ги водат газдите на ДУИ. Господине Талат, проблемот со институциите не се решава со емоции и викање, туку со правни и менаџерски решенија. Но, штом така се претставивте, тогаш требаше да одите и да ги отворите канцелариите на газдите и функционерите што ги поставивте над тие вработени, па од наредниот ден да ги отпуштите веднаш, заедно со себеси“, рече Блерим Сејдиу, Движење БЕСА.
Според жителите на Тетово, вчерашната посета на техничкиот премиер била крајно ниска и скандалозна. Тие бараат од Џафери наместо зборови да им обезбеди услови за работа на овие вработени.
„Вработениот што беше таму директно му кажа, имаме компјутер и камера. Мораше да им каже на луѓето каде се тие други места. Пристапот на Талат е познат, не е соодветен за таа работа, ги потсетувам како прво и како второ, тој е воен претпоставен, не треба да биде ни шеф на Парламентот. Тој треба да се занимава со сопствената професија, но и од нив не очекуваме ништо“, рече еден жител.
„Како да ви кажам, не треба ни да се занимава со таа работа. Ти благодарам многу“, изјави друг жител.
Џафери вчера отиде во Секторот за внатрешни работи во Тетово, а го посети и пунктот каде на граѓаните им се обезбедуваат лични и патни исправи. Во тоа време имаше долги редици на граѓани кои чекаа да бидат фотографирани, па Џафери во својство на премиер преку остри тонови сакаше да воспостави ред. Целата шема беше снимана од медиуми и граѓани. Додека тој беше во институцијата за сето време работата беше запрена./Алсат.мк
Башким Сулејмани