„Вреди“: Ставот на СДСМ и ВМРО, враќање во 1990 година
„Вреди“: Ставот на СДСМ и ВМРО, враќање во 1990 година

Иницијативата за избор на претседател во Собранието не е моноетнички пристап, туку политички рационално. Ставовите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ против определбата на „Вреди“ е враќање во ’90-ттите години, времето кога се доживуваше како трагедија Албанците да бидат на највисоки државни функции“, се вели во реакцијата на обединетата албанска опозиција. Таа се однесува на одбивањето на СДСМ и ВМРО на барањето на опозицијата едно од трите уставни функции да им припадне на Албанците.
„Што се однесува до нивниот партнер ДУИ, тие едно велат, а друго прават. Ако навистина се посветени на прв претседател Албанец, тогаш треба да ѝ објаснат на јавноста зошто не ја поддржаа кандидатурата на Арбен Таравари и зошто се обидуваат да ја поткопаат можноста Албанците во 2024 година да имаат претседател на државата. Јавно прашуваме на кои кругови им служи Али Ахмети со одлуката да го подели албанскиот електорат“, стои во реакцијата на албанската опозиција.