СПОРТ

Oстанува одлуката за суспендирање на Русија од Олимписки Комитет

Судот за спортска арбитража на 23 февруари ја отфрли жалбата на Русија против суспензијата од Интернационалниот Олимписки Комитет (ИОК).

Advertisements

Одлуката за суспензија на Русија ја донесе ИОК во октомври минатата година, бидејќи Рускиот Олимписки Комитет ги призна Олимписките совети за регионите на Украина што ги окупираше – Луганск, Доњецк, Херсон и Запорожје.

ИОК тогаш рече дека потегот е кршење на Олимписката повелба бидејќи го нарушува територијалниот интегритет на Националниот олимписки комитет на Украина (НОК).

Русија која започна воена инвазија на Украина во февруари 2022 година, а која Москва ја нарекува „специјална операција“, го осуди потегот на Судот за спортска арбитража како политички мотивиран.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button