„Посна“ Нова Година за туристичките агенции, нема интерес ни за патување, ни за лумпување

Пандемијата ќе го промени и начинот на славење на Новата година. Повеќето граѓани ќе ја дочекаат 2021-та година дома бидејќи ситуацијата со корона вирусот ги побрка нивните планови за патување. Велат дека многуте рестриктивни мерки од држава во држава ја прават целата ситуација непредвидлива, така што не би ризикувале да плаќаат за нешто кои веќе следниот ден може да го загубат.
Туристичките агенции составија понуди, но за разлика од претходните години, на списокот на дестинации нема многу земји. Интересот за патување е многу мал.
„Немаме многу за Нова Година. Дубаи, Анталија како втора можност за да се слави по хотели и Истанбул. Сè уште нема интерес за Нова Година, бидејќи луѓето се плашат дали земјите повторно ќе бидат затворени или не. Патувања постојано имаме само за Истанбул. Излез од оваа криза со пандемијата, не гледаме.“
Ивона Јакимовска, раководител на Секторот за туристички агенции, вели дека граѓаните кои решиле да патуваат својот интерес го насочиле кон соседните земји и Турција каде може да се влезе без ПЦР тест.
„Оние кои не можат да патуваат во странство, но ниту сакаат да останат дома, можат да ја пречекаат новогодишната ноќ во туристичките места како Маврово, Пелистер или Попова Шапка. Каде и да одлучат да патуваат, апелираме до сите граѓани да се придржуваат до заштитните мерки донесени од Владата, како и до протоколите утврдени од државата каде патуваат.“
Evi Shkopi