ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

СДСМ бара замрзнување на функционерските плати, но добиените 78% ќе им останат

Спречувањето на покачувањето на платите на функционерите од март се очекува да се направи со законски измени. Група пратеници на СДСМ ја достави иницијативата до Собранието за измена и дополнување на 6 закони. Со брза постапка се очекува в среда на пленарна седница да се изгласа потребата од овие измени, а доколку има консензус да се изгласа на истата седница. Овие предлози се очекува претседателот на Собранието, Јован Митревски да ги подели до матичните комисии.

Advertisements

Пратеникот на СДСМ Мартин Костовски рече дека се бара намалување на коефициентот, за на тој начин платите да останат исти. Тоа значи дека платите кои лани во март им беа покачени за 78%, ќе си останат толкави. Според Костовски, овие закони мора итно да се сменат, во спротивно функционерите ќе добијат и екстра покачување од 15,3%. Тој рече дека на владејачкиот партнер ДУИ му недостига волја за да спречи зголемување на овие плати.

Во меѓувреме, во законските измени не се опфатени функционерите кои ги назначува Владата. Станува збор за 200 директори кои од март ќе добијат покачување на платите.

Уставниот суд ја укина фиксната основица за плати на функционерите, па единствено законско решение е да се интервенира во 6 закони, со што ќе се спречи натамошното зголемување на платите на 1.060 функционери.

Станува збор за претседателот на државата, пратениците, министрите, замениците-министри, судиите, обвинителите, директорите, замениците-директори, градоначалниците и сите останати избрани и именувани лица. Ако измените не поминат, на нивните сметки ќе легнат дополнителни од 300 до 500 евра.

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button