ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Меџити: Законот за игри на среќа не ги дислоцира казината, туку само обложувалниците

Законот за изменување и дополнување на Законот за игрите на среќа ги дислоцира само обложувалниците, но не и казината, нагласи на денешната прес конференција пратеникот Изет Меџити, од ВЛЕН (ВРЕДИ). Како што посочи тој, законското решение ќе овозможи проширување на бизнисот со казина, во кои е вклучен и Артан Груби од ДУИ.

Advertisements

„Членот за отстранување на објектите за игри на среќа 500 метри од училиштата не ги вклучува казината. Тие не само што нема да се намалуваат туку ќе се множат со што ќе се зголеми бројот на апарати за да ги ‘одерат’ уште повеќе граѓаните. Итно бараме од Сицилијанскиот клан да тргне рака од масакрирање на нашето население. Итно бараме, не само на 500 метри, туку целосно да се отстранат не само обложувалниците, туку и казината. Покрај проектот – казина во секоја уличка, Артан сега успешно го спроведува проектот – казина во секој дом, давајќи 4 лиценци за он-лајн казина, на компании каде партнер е Перпарим Бајрами, кој ги извршува наредбите на кланот“, рече Меџити.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button