ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Ќе се казни секое неетичко однесување на кој било трговец, инспекторите од задутре на терен

Пазарните и трудовите инспектори од задутре ќе бидат на терен и за секое евентуално зголемување на цени што излегува од секоја нормална пазарна логика  соодветно ќе реагираме, најави денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

Advertisements

На новинарско прашање како ќе се гарантира дека од задутре кога завршуваат владините мерки за цените на прехранбените производи тие нема да се зголемат драстично, Битиќи порача дека секое неетичко однесување на кој био трговец ќе се казни на најсериозен начин. Повторно повика да се изгласа законот за нефер трговски практики, а ако има потреба да реагират и Комисијата за заштита на конкурентноста и Организацијата за заштита на потрошувачите.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button