ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА
ССМ најавува и протести, бара повторување на постапката за конфискацијата на Работничкиот дом

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), за да ја спречи конфискацијата на Работничкиот дом, поднесе предлог за повторување на постапката пред Основниот граѓански суд и бара што е можно поскоро овој предлог да биде доставен до Врховниот суд за брзо и ефикасно да се постапи, поради новите доставени докази.
Како што соопшти денеска на прес-конференција претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, за максимум една недела до недела и пол, Сојузот ќе почне со низа протести кои ќе кулминираат со голем работнички протест на 1 Мај.
Тој апелира во протестите да се вклучат и останатите синдикати.