ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Казни за трговците кои ќе ги покачат цените

Секое поскапување од 1 март ќе се казнува од Пазарниот и трудовиот инспекторат, најавуваат надлежните, бидејќи мерката за гарантирани цени истекува во четврток. Вакуумот што ќе се создаде поради не-продолжување на мерките до донесување на Законот за нефер трговски практики може да предизвика ценовни турбуленции на слободниот пазар.

Advertisements

Вицепремиерот Битиќи рече дека несносењето на новиот закон го зголемува ризикот граѓаните да се соочат со поголеми трошоци. Со важечките закони, овластувањата на инспекторатите се ограничени во однос на контролата на цените, но можат да ги контролираат царинските фактури за увоз на стоки подготвени за продажба.

Од Министерството за економија најавија дека замената на мерката загарантирани цени ќе се врши преку законот кој е во собраниска процедура. Со владината одлука, која најпрво беше одобрена во септември и важеше до крајот на ноември минатата година, потоа неколкукратно беше продолжена и завршува утре, гарантирани беа цените за 24 категории прехранбени и пијалаци.

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button