СВЕТ

20 мигранти загинаа во близина на брегот на Сенегал откако се преврте чамец

20 мигранти загинаа во близина на брегот на Сенегал откако се преврте чамец

Околу 20 мигранти ги загубија животите кога нивниот чамец се преврте во близина на брегот на северен Сенегал, изјави  премиерот Амаду Ба.

Служба за поддршка на мигранти на мрежата X, соопшти дека чамецот превезувал околу 300 луѓе пред да се преврти во близина на Сент Луис вчера, и дека некои луѓе успеале да допливаат до брегот, додека други се уште се водат за исчезнати.

Advertisements

Илјадници луѓе го напуштаат брегот на Западна Африка секоја година во обид да стигнат до Европа, а точниот број на смртни случаи на море не е познат, додека бројот на луѓе кои решиле да го преминат Средоземното Море се зголемил минатата година, наведува Ројтерс.

Сенегал минатата година се соочи со неколку смртоносни обиди за миграција, вклучително и инцидент во кој исчезнаа околу 60 луѓе, а нивниот брод беше пронајден како лебди во близина на Зеленортските Острови.

Помеѓу јануари и декември 2023 година, 39.910 илегални мигранти стигнале до Канарските острови во Шпанија откако го преминале морето со брод од Западна Африка, што претставува зголемување за 155 отсто во споредба со 2022 година, објави Меѓународната организација за миграција (ИОМ).

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button