ВЕСТИ

Учениците во Тетово поделија флаери за подигање на еколошката свест

Тргнаа од училишниот двор и се насочија кон тетовскиот плоштад за да поразговараат со граѓаните и да поделат флаери за подигање на свеста за зачувување на животната средина.

Advertisements

Животната средина мора да се чува бидејќи таа ни е здравје. Токму за оваа појава денеска учениците заедно со другари од другите училишта во Тетово излегоа да делат флаери на тетовци за зачувување на животната средина. Почисти улици, почиста животна средина – подобро здравје за сите нас.

Децата побараа од граѓаните ѓубрето да го фрлаат во канти, а не на улица

„Ние сме иднината на овој град, ако не го одржуваме нашиот град чист, и нашите потомци ќе се навикнат на оваа нечистотија. Ги замолуваме жителите повеќе да се грижат за животната средина, отпадот да го фрлаат во корпа за отпадоци“

„Ќе бараме да ја одржуваме нашата животна средина чиста, отпадот да се фрла таму каде што треба, да имаме подобро здравје и да го заштитиме градот“, рекоа учениците.

Наставниците и инспекторите за животна средина на општина Тетово како носители на овој проект се вклучија во оваа акција.

„Денеска започнуваме со проектот за еколошка свест во соработка со општина Тетово, инспекторатот за животна средина и основните училишта од Тетово. Денеска учениците носат логоа на Еко патрола и Чистота е здравје, ќе делиме и флаери на минувачите, од училиштето до центарот. Ќе разговараме со граѓаните и накратко ќе им објасниме како да ја одржуваат животната средина чиста“, рече Мирдије Дервиши, инспектор за животна средина.

Оваа акција која има за цел да ја подигне еколошката свест кај граѓаните ќе трае една недела, а во неа ќе учествуваат 12 основни училишта.

Башким Сулејмани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button