СПОРТФУДБАЛ

Во среда, Томас  Тухел може да добие отказ од Баерн?

Евентуален неуспех на Баерн Минхен во осминфиналето од Лигата на Шампионите уште во среда може да донесе промена на тренерското место кај актуелниот германски шампион, откриваат тамошните медиуми.

Advertisements

Раководството на тимот најави заминување на Томас Тухел на крајот на сезоната, но доколку германецот не успее да го препороди својот тим за утрешниот реванш натпревар против Лацио во кој баварците имаат негатива од еден гол (1-0) и се пласира во следната фаза ќе има ново лице во Минхен.

Станува збор за Арни Слот, 45-годишникот кој го предводи Фејенорд од 2021 година. На 139 натпревари забележа 88 победи, 28 нерешени натпревари и 23 порази, а минатата сезона го предводеше овој клуб и до шампионската титула во Холандија и финалето во Конференциската лига сезона претходно каде беше поразен од Рома. Слот во кариерата покрај Фејенорд го предводеше и АЗ Алкмар.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button