ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Училиште во Охрид држи онлајн настава, следува казна за директорот

Наставата во средното угостителско училиште во Охрид и по седум месеци од почетокот на школската година, продолжува да се одвива онлајн поради градежни активности. Тоа се случува иако Државниот просветен инспекторат веќе го опоменал директорот да обезбеди услови за физичка настава. Следувала и уште една контрола со која на директорот му било наредено да постапи по Решението.

Advertisements

„Доколку директотот не постапи по ова решение со наредба, ќе следи издавање на прекршочен платен налог“, наведуваат од Државниот просветен инспекторат.

Како што за сега стојат работите, а и од она што може да се види на лице место, се чини дека градежните активности уште ќе траат. Но, директорот е оптимист и тврди дека учениците наскоро ќе се вратат во клупите. Вината за одолговлекувањето на градежните работи ја лоцира кај фирмата-изведувач.

„…Реакции имаше и од родители и од ученици бидејќи наставата се одвива онлајн, но на крај, мора тие градежни активности да се завршат за да може училиштето да го добие оној предвиден изглед кој е зацртан“, рече Марјан Радески, директор на училиштето.

Ова не е прв случај во државава наместо за време на летниот или зимскиот распуст, училиште да се реновира среде учебна година. Таков беше случајот и со Основното училите Браќа Миладиновци во Стругa.

Инаку, двајца ученици од прва година во средното угостителско училиште се отпишале од него бидејќи не сакале да следат онлајн настава. Во училиштето учат над 230 ученици.

Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button