ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Снег на повеќе планински превои

Од 06:40 часот утрово укината е забраната за движење на тешки товарни возила на превојот Пресека, информираат од Автомото сојузот на Македонија (АМСМ).

Advertisements

Забраната беше воведена во текот на ноќта поради обилни врнежи од снег.

Од АМСМ информираат дека утрово врнежи од снег има на планинските превои Буково, Ѓавато, Пресека и Крушево, додека послаби врнежи има на Плетвар, Попова Шапка и Дебар.

На останатите патишта, од АМСМ велат дека сообраќајот се одвива непречено и по влажни коловози.

Од АМСМ препорачуваат внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button