ВЕСТИСВЕТ

Денешниот „супер вторник“ се очекува да даде многу одговори во трката за претседателски кандидати во САД

Денеска во САД е „супер вторник“ што е најважниот ден досега во трката за кандидатури за претседателските избори, кои ќе се одржат во ноември годинава.

Advertisements

Гласачите во 15 сојузни држави и една американска територија, денеска ќе избираат кандидати за претседател.

Денешното гласање треба да биде показател за силата и потенцијалните слабости на поранешниот и на актуелниот претседател Доналд Трамп и Џо Бајден, кои се очекува да ги одмерат силите во ноември во обид за уште еден мандат во Белата куќа, пренесува Би-би-си.

На денешниот „супер вторник“ повеќето сојузни држави гласаат за кандидат за претседателски избори.

Изборите за номинација ќе се одржат во Алабама, Алјаска, Арканзас, Калифорнија, Колорадо, Мејн, Масачусетс, Минесота, Северна Каролина, Оклахома, Тенеси, Тексас, Јута, Вермонт, Вирџинија и американската територија Американска Самоа. Републиканските избори ќе се одржат во сите овие 15 сојузни држави, додека демократите ќе гласаат во истите држави освен во Алјаска. Исто така, ќе бидат познати и резултатите од гласањето за кандидат на Демократската партија во Ајова.

Врз основа на резултатите од секои избори, партиските функционери познати како делегати се доделуваат на победничките кандидати. Потребна е поддршката од одреден број делегати за кандидатите официјално да се номинираат на конвенциите на секоја партија ова лето.

Според Би-би-си, околу една третина од вкупниот број на делегати – 865 републиканци и најмалку 1 420 демократи – ќе се изберат на денеска, на „супер вторникот“. Кампањата на Трамп предвидуваше дека тој ќе освои најмалку 773 делегати и ќе ја добие номинацијата уште во март. Тој во моментов има околу 244 делегати, додека неговата републиканска противкандидатка Ники Хејли има 43.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button