СВЕТ

(ВИДЕО) Мал авион се урна покрај автопат во Нешвил, нема преживеани

Мал едномоторен авион вчеравечер се урнал на тревна површина веднаш до сообраќајната лента на автопатот во градот Нешвил во американската држава Тенеси, пренесува Си-ен-ен.

Advertisements

Според извештаите на тамошната полиција, авионот веднаш по падот се запалил, а се смета дека сите патници во авионот загинале.

„Ударот на авионот беше катастрофален и никој не преживеа“, изјави портпаролката на противпожарната служба Кендра Лони.

На авионот му било дозволено итно слетување на локалниот аеродром. Пилотот набрзо ѝ рекол на контролата на летање дека нема да стигне до пистата.

На автопатот нема повредени возачи, а на терен нема оштетени возила.

Снимки од сообраќајните камери објавени на социјалната мрежа Јутјуб покажуваат и дека на автопатот имало голем метеж во времето кога паднал авионот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button