ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Ковачевски: Ќе поддржиме решение за секој граѓанин да може да го оствари правото на глас

Претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски, денеска изјави дека партијата го поддржува предлогот граѓани кои имаат лични документи со старото име нa државата да можат да гласаат.

Advertisements

Тој посочи дека за предлогот се дискутирало уште од крајот на минатата година.

-Ќе поддржиме и веќе се разговара. Работните групи кои работат на Изборниот закон уште од крајот на минатата година работат на решение да има одредба со кој ќе се дозволи на секој граѓанин да го оствари своето гласачко право, истакна Ковачевски.

Во однос на бројот на граѓани кои не поседуваат лични документи рече дека не може да каже точен број, но дека мора да им се обезбеди право да гласаат на изборите.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button