СПОРТ

Синот на Платини под истрага за корупција

Според интернет порталот „Медиапарт“ за синот на Мишел Платини е иницирана истрага за корупција во 2011 година од страна на катарската компанија „Бурда Спорт“. Истрагата на француското обвинителство се однесува за поткуп во врска со контроверзното доделување на Светското првенство на ФИФА во 2022 година на Катар.

Advertisements

„Медиапарт“ објави информации дека Лоран Платини, синот на Мишел Платини, бил во центарот на аранжманот во врска со доделувањето на Светското првенство во Катар.

Кон крајот на 2011 година, Лоран Платини беше регрутиран како привремен генерален директор од компанијата „Бурда Спорт“, снабдувач на спортска опрема на емиратот, подружница на фондот „Катар Спорт Инвестиции“, кој потоа го купи ПСЖ.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button