ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Пред изборите ќе нема решение за платите на петте универзитети

За протестите на професорите, асистентите и вработените на универзитетите во Битола, Тетово, Штип, Охрид и „Мајка Тереза“ од Скопје, од Владата се сомневаат дека имаат политичка позадина. Вработените протестираа поради непотпишаните колективни договори со кои ќе им се овозможат повисоки месечни примања, но од Владата истакнаа дека треба да се чека да завршат изборите. Оттаму додаваат дека на закажани избори не се потпишуваат колективни договори, па решението ќе треба да го најде новиот парламентарен состав. Засега нов колективен договор имаат само вработените на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје. Си добија за 22% повисоки плати од своите колеги од другите државни универзитети. Според Владата, не станува збор за дискриминација, туку петте универзитети немале навремено формирано синдикати и затоа со нив не се стигнало да се потпише колективниот договор. Реагираа од Универзитетот во Битола, од каде посочуваат дека синдикалниот активизам има граѓанска, а не предизборна димензија. Тие тврдат дека документацијата ја испратиле навремено.

Advertisements
Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button