ВЕСТИЗДРАВСТВО

Зошто првиот збор на бебињата е „мама“?


Во најголем број од случаите, првиот збор кој го кажува бебето е мама, на голема радост на родителите. Едно француско истражување покажа и зошто тоа е така.

Покрај оној логичниот факт дека мајката е постојано околу бебињата, многу јазици во светот ја направиле задачата за бебињата многу лесна. Речиси во сите јазици во светот, зборовите за мајка и татко имаат состав од повторливи слогови, како на пример во македонскиот јазик, „ма – ма“ или зборот за татко,  „та – та“.

Во истражувањето, се набљудувале дваесетина бебиња кои слушале снимки од зборови со повторливи слогови. Мозочната активност на бебињата растела кога ги слушале овие зборови, додека немало посебен фидбек од бебешкиот мозок кога се пуштале снимки од зборови кои немаат повторливи слогови.

Ова укажува дека „мама“ не е случајност, туку е добро избран збор за бебето полесно да го научи и покажува дека способноста полесно да ги препознаваме повторливите звуци е вродена.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button