ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Македонската амбасадорка повикана во бугарското МНР

Македонската амбасадорка во Софија, Агнеса Руси-Поповска била повикана на состанок во бугарското Министерство за надворешни работи поради неодамнешните јавни коментари на македонските политичари и лажните изјави од нивна страна за Република Бугарија. Ова е реакцијата на бугарското Министерство за надворешни работи објавена на нивната веб-страница, со која бара од македонските политичари и од политичките партии во Република Северна Македонија да не ги вклучуваат билатералните односи меѓу двете држави во предизборната реторика.

Оттаму велат дека Бугарија постојано одржува конструктивен тон и се воздржува од коментирање, како што пишува во соопштението, на постојаните провокации во јавниот простор од страна на Северна Македонија.

Advertisements

„Вонредниот и ополномоштен амбасадор на Република Северна Македонија во Софија беше повикан на состанок во Министерството за надворешни работи во врска со неодамнешните јавни коментари на политичари од соседната земја и лажните изјави од нивна страна за Република Бугарија“, велат од бугарското МНР.

Според соопштението, бугарските власти категорично се противат на обидот Бугарија и заедничките билатерални односи да се вклучат во внатрешната политичка дебата во Република Северна Македонија, вклучително и во контекст на актуелната изборна кампања.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button