ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Заев: На 31 декември 1943 Македонците не си легнаа како Бугари и се разбудија на 1 јануари 1944 како Македонци

На овој начин, премиерот Заев му одговори на бугарскиот вицепремиер Каракачанов, кој рече дека секој што прочитал 5 страници историја, знае дека до 1944 година немало македонски идентитет одделен од бугарскиот.
Заев рече дека оспорувајќи ги корените, високиот бугарски функционер гo повредува целиот народ кои бил и ќе остане македонски. Тој рече дека разговорите за компромис продолжуваат во духот на пријателството, но двете земји, покрај заедничка историја, имаат и посебна историја и историчарите треба да се занимаваат и со тоа..
Заев изрази оптимизам дека ќе има решение во текот на првата половина од следната година, додека европеизацијата на општеството ќе биде приоритет, и нема да има алтернатива за евроинтеграциите.
Anesa SaliHu