ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ОЈО: Се сослушуваат сведоци за пожарот во ресторанот на правобранителот

Јавното обвинителство сѐ уште испитува како се случил пожарот во угостителскиот објект сопственост на Државниот правобранител, Агрон Речи, вчера рано наутро во центарот на Охрид. Од таму не кажуваат дали пожарот е подметнат или не, како што се шпекулира во охридската јавност. Очевидци велат дека во моментот на настанаување на пожарот се слушнале две силни експолозии. Правобранителот Речи, денес не одговара на телефонските повици. Тој досега не коментираше ништо за причините за пожарот.

Advertisements

„Основното јавно обвинителство Охрид ги издава сите потребни насоки и наредби за утврдување на причините за пожарот. Меѓу дејствијата кои се преземаат, издадени се соодветни наредби за вештачење и за обезбедување снимки од видео надзор, а се вршат и разговори со сведоци. По наредбите се постапува“, наведуваат од ОЈО.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button