ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Новогодишните куќички сѐ уште „го красат“ плоштадот во Скопје

Додека граѓаните почнаа да планираат каде ќе го поминат летниот одмор, на плоштадот „Македонија“ во Скопје и натаму владее новогодишната атмосфера. Дрвените куќарки кои вообичаено се поставуваат за време на новогодишните празници, се искршени и претворени во складишта за отпад.

Advertisements

Дрвените куќички не смеат да ги користат ниту уличните книжари на плоштадот.

За време на новогодишните празници, дрвените куќарки се користат за продажба на разни предмети. Од Град Скопје не дадоа одговор дали ќе бидат отстранети од плоштадот или ќе се користат за некоја друга пригода.

Мелихате Рустеми

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button