Што е љубов, а што брак? Приказната на Сократ и Платон


Алсат
05.06.2020 08:35
“На допир од љубовта, сите стануваат поети“- Платон
Приказна за љубовта
Еден ден, Платон го прашал својот учител Сократ, „Што е љубов“?
Сократ одговорил: “Платон, прошетај низ полето пченица пред тебе. Без да се свртиш назад, оди и одбери го најубавото гранче кое ќе го здогледаш и земи го со себе. Можеш да одбереш кое сакаш“.
Платон послушал и тргнал во полето. Но, за кратко време се вратил со празни раце.
Сократ го прашал зошто не одбрал ниедно, а Платон на тоа одговорил: “Веднаш штом влегов во полето здогледав преубаво стебленце, но знаејќи дека имам уште многу избор, продолжив да побарам поубаво. Но, не најдов. И цело време мислев на првото кое го здогледав. Бидејќи не смеев да се вратам назад, не понесов со себе ниедно.
“Ете тоа е љубов“.-одговорил Сократ.
Неколку дена подоцна, Платон го прашал Сократ, “Што е брак“?
Сократ одговорил, “Оди во шумата, исто како претходно, без да се враќаш назад и донеси ми го најцврстото дрво во шумата. Повторно, можеш да одбереш само едно, затоа размисли убаво“.
Платон заминал во шумата, и за кратко време се вратил назад. Но, дрвото кое го донел не било ни најцврсто ни највисоко. Сократ се изненадил од изборот, па Платон објаснил дека е свесен дека дрвото не е најцврстото во шумата, но поучен од претходната грешка не сакал да ја пропушти можноста и повторно да се врати со празни раце.
“Ете, тоа е брак“. -одговорил Сократ.
Животот секогаш ќе ве носи во поле полно избор, но тоа не значи дека треба да се изгубите во плејадата можности. Обидувајте се со секој нареден чекор да го препознавате вистинскиот избор за вас.