ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Во ковид – центрите во Скопје за 24 часа хоспитализирани 36 пациенти, пуштени 40 оздравени

Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје се хоспитализирани 36 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 482 лица сомнителни и потврдени за Ковид -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град, соопшти Министерството за здравство.
Во последното деноноќие, на интерните клиники имало вкупно девет приеми и тоа четири пациенти биле хоспитализирани на Клиниката за нефрологија и по еден пациент на Институтот за ТБЦ, на ОРЛ, на Очната клиника, на Неврологија и на Гастроентерохепатологија.
Во ковид – центарот во ГОБ „8 Септември“ имало 15 нови приеми на пациенти. На Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден се хоспитализирани 12 болни.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 40 оздравени пациенти.