ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Укинат притворот за возачот на Палчо, определени мерки за претпазливост

По предлог на надлежен обвинител Судот го укина притворот за возачот на првоосомничениот за двојното убиство на Вања и Панче, Љупчо Палевски-Палчо.

Advertisements

На Стефан Димовски, кој е осомничен за помагање при бегството, определени му се мерки на претпазливост – забрана за напуштање на живеалиште, одземање патна исправа и обврска за јавување во суд.

–   По предлог на надлежен обвинител за укинување мерка притвор за С.Д. и определување мерки за претпазливост, судија на претходна постапка му определи мерки, забрана за напуштање живеалиште/престојувалиште, одземање патна исправа, обврска за јавување во суд и одземање односно забрана за користење возачка дозвола, информираат од Основниот кривичен суд Скопје.

Од Обвинителство, информираат дека максималното законски возможно траење на притворот за кривичното дело за кое се сомничи Димовски е три месеци.

– Со оглед на кривичното дело за кое е осомничено лицето и запретената затворска казна, максималното законски возможно траење на притворот за овој осомничен е три месеци. По истекот на тој рок, притворската мерка за осомничениот е заменета со соодветни мерки на претпазливост, се вели во соопштението од ЈОРСМ.

Димовски, се сомнични дека го возел од Србија до Турција првоосомничениот за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски, Љупчо Палевски – Палчо, за кого се чека екстрадиција од Турција.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button