ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Филипче: Бугарија ќе ѝ донира дел од вакцините на С. Македонија

Република Бугарија од секоја пратка на вакцини против Ковид-19, кои директно ги купиле од производителите, дел ќе донира и на нашата земја. Ова утрово било одлучено на владината седница во Софија каде што македонскиот министер за здравство Венко Филипче имал обраќање, објави тој на Фејсбук.

Advertisements

„Со оваа одлука, во нашата земја вакцини против Ковид-19 ќе стигнуваат во исто време, како и во останатите земји членки на Европската Унија. Бугарија како членка на ЕУ ја имаше таа привилегија да прави директни преговори со повеќе произведувачи. Благодарение на овој пријателски чин, со оваа донација за кратко ќе го почнеме процесот на вакцинација и ќе го олесниме пристапот до вакцините за да може да вакцинираме 60 до 70% од населението. Според информациите од здравствените власти во Република Бугарија, најпрво во Софија ќе стигне вакцината на Фајзер, потоа на Модерна, па на Астра Зенека“, напиша Филипче.

Република Бугарија од секоја пратка на вакцини против Ковид-19, кои директно ги купиле од производителите, дел ќе донира…

Posted by Венко Филипче on Tuesday, December 22, 2020

 

Разговарано е и за техничките детали во однос на испораката, а Филипче верува дека во исто време Македонија ќе добие дел од вакцините, како и земјите од ЕУ.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button