ВЕСТИСВЕТ

ОН објави шокантни податоци: Повеќе деца се убиени во Газа за четири месеци отколку за четири години во светот

Повеќе деца се убиени во Појасот Газа во четиримесечната војна со Израел отколку во четирите години различни конфликти ширум светот, изјави шефот на агенцијата на ОН за палестински бегалци (УНРВА).

Advertisements

„Вртоглаво. Бројот на убиени деца за само четири месеци во Газа, според извештаите, е поголем од бројот на убиени деца за четири години во сите конфликти ширум светот“, напиша гелералниот комеаср на УНРВА, Филипе Лазарини на X, осудувајќи ја „војната против децата“.

Според ОН, 12.193 деца загинале во конфликти ширум светот од 2019 до 2022 година.

Израел претходно обвини 12 од 30.000 вработени во УНРВА за учество во смртоносниот напад на Хамас на 7 октомври, но Лазарини пред неколку дена изјави дека нема докази дека некој од вработените во агенцијата бил вмешан во нападот на Хамас врз Израел во октомври.

Тој оцени дека таквите обвинувања доаѓаат од израелската влада со цел да се спречи хуманитарната помош за палестинските цивили.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button