ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Муртезани: ДУИ не може да зборува за прв претседател Албанец, ВЛЕН ќе ја формира следната влада

ДУИ нема право да зборува за прв претседател Албанец откако се обиде да ја бојкотира таквата можност, рече на денешната прес конференција Орхан Муртезани од ВЛЕН. Како што нагласи муртезани, албанскиот народ посакува промени и никој не може да им застане на патот.
„ДУИ нема право да зборува за прв претседател Албанец бидејќи, наместо да го поддржи Арбен Таравари одлучи да се обиде да ја саботира можноста тоа да се случи веднаш, во 2024 година. Никој не може да застане на патот на промените кои ги посакува албанскиот народ и тие ќе се случат. ВЛЕН ќе ја формира следната влада, победата е сигурна“, рече Муртезани.