ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Случај „Соравија“, од „Тхор“ се повлекува Дрин Ахмети, доаѓа Ник Мехмеди

Предметот за купопродажбата на трговскиот центар „Соравија“, каде сопственик е и компанијата „Тхор индустриес“ на внукот на Али Ахмети, Дрин Ахмети, сè уште е во предистражна фаза, потврдија денеска од Обвинителството за Алсат. Претходно оттаму брифираа дека случајот бил отворен по допрен глас, а за него се ангажирани и два тима на МВР. Според Обвинителството, вклучени се и Финансиското разузнавање, но и Управата за јавни приходи. Не се испитувала само купопродажбата на „Соравија“, туку и поврзаноста на одредени лица од предметот со некои државни институции. Се бараат податоци и од Фондот за иновации, Комисијата за заштита на конкуренцијата, Централниот депозитар, како и од трети земји, без да се наведе кои. Само десетина дена откако Обвинителството ги сподели овие детали, компанијата „Тхор индустриес“ вчера најави промена на сопствеништвото. Од неа се повлекува Дрин Ахмети.

Advertisements

„Дрин Ахмеди, извршниот директор кој беше на чело на компанијата како основач и сопственик на „Тор индустрис“, водејќи ја компанијата низ различни фази на раст и реструктуирање, ќе се повлече до крајот на годината… Одлуката доаѓа како дел од планот за транзиција на стратешкото лидерство, кој обезбедува непречено и ефективно пренесување на одговорностите на новиот менаџерски тим назначен од „Американ интернешенал холдингс“ во Тексас“, наведуваат од Тхор индустриес.

Според дел од пишувањата во емисијата „Код“, Тексас американ интернешнл холдингс, што ја презема фирмата на Дрин е основана од Ник Мехмеди. Тој пак е сопственик на стриптиз барови во Далас, Тексас. Неофицијално, имал и проблеми со американските правосудни органи. Инаку, Дрин Ахмети со „Тхор индустриес“ во „Соравија“ стана сопственик лани на први септември, односно по примена позајмица од страна на фирмата на Ник Мехмети од основачкиот влог од три милиони евра. Во меѓувреме, поради „Тхор индустриес“ Антикорупциската комисија повика Владата да побара одговорност од раководството на Фондот за иновации поради одредени нерегуларности за доделен грант на оваа компанија. За случајот со Фондот, техничкиот премиер Талат Џафери се прогласи за ненадлежен.

Лука Андреев

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button