МАКЕДОНИЈА

Агелер: Судиите да бидат отпорни на политички влијанија

Амбасадорката на САД, Анџела Агелер порача да запрат притисоците врз судиите. На одбележувањето на 60-годишнината од основањето на Уставниот суд, Агелер кажа дека судиите треба да бидат слепи на политичките влијанија и јавноти мислење. Според неа само независни судии може да го зачуваат владеењето на правото. Претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска побара од државните функционери да влијаат врз процесите на зајакнувањето на Уставниот суд и ги охрабри граѓаните да бараат правна заштита пред уставните судии. Шефот на Мисијата на ОБСЕ пак, Килијан Вал повика да се осигура одржливо финансирање на Уставниот суд, за да се овозможи целосна политичка независност на Судот.

Advertisements

„Согледувајќи ја уставно-правната матрица на нашата заедница, низ историска призма, не може, а да не се констатира дека волјата на владеењето на правото е посилна од сите системско-политички аномалии“, рече Кацарска.

„Јас имам слушнато од многу од вас за притисоците коишто се ставени врз вас. Притисоците врз судската власт во Северна Македонија е нешто што мора да престане, судиите мора да бидат слободни за да можат да го практикуваат правото. Граѓаните на оваа земја имаат потреба од тоа и се повеќе го бараат тоа“, рече Агелер.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button