
Рускиот претседател Владимир Путин телефонски разговарал со неговиот француски колега, Емануел Макрон, за прашањата на соработката во борбата против пандемијата на вирусот корона, објави Кремљ доцна синоќа.
Како што се наведува, разговорот ја потврдил намерата за развој на контакти меѓу релевантните организации на двете земји во врска со производството на вакцини и имунизацијата на населението, пренесува Taсс.
Се додава дека Путин со задоцнување му го честитал роденденот на Макрон и му посакал брзо закрепнување од вирусот корона.
Двајцата државници разговарале и за ситуацијата во Украина, Нагорно Карбах, Иран, Сирија и Либија.