Во Германија рекорден број на смртни случаи за еден ден

Во Германија е забележан рекорден дневен број на смртни случаи од коронавирус – 962 и тоа една недела по воведувањето на строгите мерки што принудија затворање на повеќе продавници, фризерски салони и други услужни дејности.
Според институтот за заразни болести, „Роберт Кох“, во земјата се пријавени вкупно 27.968 смртни случаи.
Претходниот рекорден дневен биланс на смртност беше 952 пациенти, пријавени на 16 декември, на денот на влегувањето во сила на затворањето.
Германија релативно добро управуваше со пандемијата во првиот пролетен бран во споредба со другите европски земји.
Сепак, во последните месеци имаше голем пораст на бројот на новозаболени и на смртни случаи, а обидот да се намали бројот на заразени од делумното затворање, со кое продавниците и училиштата останаа отворени, пропадна во ноември.
Источногерманската провинција Саксонија беше сериозно погодена од вториот бран и забележа најголем број на смртни случаи по глава на жител за време на пандемијата, со околу 57 смртни случаи на 100.000 жители.