
Реал Мадрид информираше неколку национални сојузи, вклучително и Француската Фудбалска Федерација, дека нема да ги пушти своите играчи за Летните Олимписки Игри во Париз, што дополнително го компромитира учеството на Килијан Мбапе, кој се очекува да му се приклучи на шпанскиот клуб ова лето.
„Реал испрати писмо до сите федерации, вклучително и францусkата, да им каже дека нема да ги пуштат своите играчи за олимпискиот турнир во Пароз“, изјави извор за „Франс прес“.
Ова писмо е многу лоша вест за Килијан Мбапе, кој пред неколку недели им соопшти на челниците на ПСЖ дека на крајот на сезоната ќе го напушти клубот и летово ќе потпише за Реал Мадрид.
Капитенот на француската репрезентација во неколку наврати стави до знаење дека сонува да се натпреварува на Олимписките игри во Париз, бидејќи има прописи кои дозволуваат секоја екипа да додаде по тројца играчи над границата од 23 години. Но, бидејќи Игрите не се дел од прозорецот на ФИФА, клубовите не се обврзани да ги ослободуваат своите играчи.