Помошта за вакцини што ја најави Бугарија, предизвика лавина реакции во земјата

“Денеска на гости го имаме министерот за здравство на нашите браќа и сестри во Северна Македонија“…
Оваа изјава на бугарскиот премиер Борисов предизвика многу реакции во земјата, а јавноста се сомнева дека помошта има друга позадина. Владата ги демантираше гласините дека приоритет за примање на вакцината што доаѓа преку Бугарија ќе бидат македонските граѓани со бугарско државјанство.
ВМРО ДПМНЕ стравува дека овој донација ќе влијае на подоцнежните условувања на разговорите меѓу двете земји за прашањето за историјата за двата народа. Дури и лидерот на оваа партија, Христијан Мискоски бара да се расчистат сите детали од договорот за вакцини против ковид.
„За пофалба е напорот на сите да ја добијат вакцината Ковид за што повеќе македонски граѓани, дури и со помош на соседите! Само би сакал да го прашам Венко Филипче, што точно беше договорено во спогодбата? Кога и колку вакцини може да очекуваме, со цел да се направи детален план?, напиша Мицкоски.
Покрај количината на дози што се очекува да ни го даде нашиот источен сосед, нашата земја има уште три други опции на маса. Вакцините што се очекува да ни бидат препродадени од Полска и Грција остануваат како резерва. Преку методот Ковакс, во март се очекува да пристигнат уште 833 илјади дози на вакцина против Ковид. За да се нарача директно од фармацевтските компании Фајзер & БиоНтек, Оксфорд & Астра Зенека, треба да се направат измени во Законот за јавни набавки.
Во рок од 5 дена, Министерството за финансии и Бирото за јавни набавки се очекува да подготват предлог-закон за измени и дополнувања, со цел да се овозможи отплата на над 20% од нарачаната количина вакцини.
Во меѓувреме, синоќа, за спроведување на националниот план за вакцинација против Ковид-19, Владата ги задолжи Министерството за внатрешни работи, Агенцијата за лекови, Царинската управа и Министерството за здравство да напрват план за примање, складирање, дистрибуција во рок од 7 дена. Внатрешен план за акција, во рок од 7 дена треба да достави и ТАВ Македонија.
Аднан Ќаили