Пристигнувањето на иселениците ги оживеа локалните деловни активности во полошкиот регион

На Тетово му недостасуваа овие слики скоро една година. Отсуството на иселениците подолго време како резултат на пандемијата, направи полошкиот регион да изгледа празно. Но, минатата недела, градот почна да се полни. Со доаѓањето на иселениците, бизнисите започнаа да дишат послободно.
„Нивното пристигнување е многу забележливо. Имаме и движење во нашите локали, па нивното доаѓање е многу забележливо. Не ги очекувавме всушност, нè изненадија. Ако не се тие, Македонија „ умира“, толку можам да кажам, бидејќи ако не се тие, ние скоро и да немаме работа“, рече една продавачка.
„Многу е подобро, бидејќи понеделникот е многу подобар во споредба со шестте месеци, движењето е многу подобро. Разликата е голема, движењето е поголемо, очекуваме да биде уште подобро“, додава еден продавач.
Сепак, како и секогаш, општинските власти немаат решение за недостаток на места за паркирање. Од Секторот за внатрешни работи, со пристигнувањето на иселениците, ги зголемиле и мерките за безбедност во сообраќајот.
„Очекуваме бројот да се зголеми уште повеќе до викендот, затоа апелираме до граѓаните да ги почитуваат правилата и законските одредби за сообраќај. Со своите автомобили да излегуваат само според потребите за да им се даде можност на повеќе иселеници да имаат повеќе простор за паркирање затоа што знаеме колкав е капацитетот на Тетово со паркинзите“, рече Фатмир Реџепи – Портпарол на СВР Тетово.
Во недостиг на потребните места за паркирање, Општина Тетово ги отвори вратите на дворовите на некои училишта со цел да го ослободи градот и повеќе места за паркирање за иселениците.
Башким Сулејмани