ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Еколози: Парите кои се издвоени за екологија се минимални

Парите во новата 2021 година што ќе ги добие министерството за екологија не се доволни за подобрување на животна средина. Екологистите негодуваат дека е нејасно колку точно пари се влеваат за борбата против аерозагадувањето, бидејќи удел имаат повеќе институции. Таксите предвидени за екологија не се знае дали завршуваат во тој сектор, бидејќи се уплаќаат на државниот буџет. Невладините бараат формирање на Фонд за животна средиана, кој ќе го регулира тоа. А, за подобра животна средина, се потребни пари колку што во 2021 година изнесува целокупниот буџет.

Advertisements

„Некои проценки кои ги знеме можеби пред десетина години, можеби не се веќе не се актуелни, велеа дека отприлика четири милијарди евра потребно е да ги инвестираме во секторот животната средина. Зборуваме за комплетно доведување на нашата држава во евроипски стандарди, во сите можни сектори, води, земјоделие, до отпад…“, вели Ана Чоловиќ Лешоска, Еко – свест.

Бавно оди инсталацијата на мерните станици. Според екологистите, досега можеше во цела дражава тие да се инсталираат. Мерните станици треба редовно да се одржуваат, за да немаме расипани станици за квалитеот на воздухот, како што сега тоа е случај со неколку.

„Шведската агенција за животна средина помага на нашето министерство за животна средина конкретно со проект за аерозагадување за справување со аерозагадувањето и монтирониг на состојбите на квалитетот на воздухот. Средства најверојатно доаѓаат и од таму. Но, тоа не го менува фактот дека нашата држава мора да вложува доколку сака да си ги подобри стандардите, мора да вложува сопствени пари во справувањето со овој проблем“, додава Чоловиќ Лешоска.

Четирите расипани мерни станици не се знае дали ќе го измерат квалитеот на воздухот годинава. Министерот Нуредини вчера најави дека догодина постепено ќе се подобрува аерозагадувањето.

Игор Стефановски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button