ЕКОНОМИЈА
Објавени компаниите заинтересирани за Чебрен

Владата ги објави компаниите кои се заитересирани да инвестираат на хидроелектраната Чебрен. Станува збор за десет големи фирми кои поднесоа понуди во фазата за претквалификација за овој енергетски проект, односно за концесија за користење на вода за производство на електрична енергија од хидроцентралите на Црна Река.
Според информациите понуда доставиле компании од: Турција, Грција, Франција, Шпанија, Австрија, Италија, и од Кина. Инаку, Хидроелектраната Чебрен според планот на владата треба да биде проект на Јавно-приватно партнерство. Инсталираната моќ на електраната ќе достигне до 500 мегават часови за годишно производство до 1200 гигават часови електрична енергија. Досега пропаднаа 12 тендери на кои се бараше приватен инвеститор.