ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Од Владата уште не кажуваат што содржи нон-пејперот кој Бучковски го достави до Бугарија

Нон-пејперот што Скопје го достави до Софија преку специјалниот пратеник, Владо Бучковски содржи размена на идеи, кратко соопштуваат од Владата, без да откријат повеќе детали што содржи понудата за решавање на спорот, а за што Македонија сè уште не добила одговор од источниот сосед.

Advertisements

Од друга страна, бугарскиот заменик-министер за надворешни работи Петко Дојков вели дека не е важна формата во која ќе се надминат разликите, туку нејзината содржина и имплементација.

„Постојат многу варијанти, без разлика дали тоа ќе биде анекс, протокол или нов документ, не е важен форматот. Првиот момент е содржината на документот. Вториот момент е спроведувањето. Можеме да потпишеме нови договори или нови анекси, протоколи. Важно е секој документ да биде имплементиран“.

 Дојков беше категоричен дека Софија не го попречува патот на Македонија кон евроинтеграциите, туку тоа си го правело самото Скопје преку неспроведување на билатералниот договор од 2017 година.

 „Причината за нашето однесување во последните месеци е неспроведувањето на договорот. Сè започна со тоа. Бугарија не го запре процесот, не стави вето. Ако сакаше да стави вето, тоа ќе го стореше во март, но ние дадовме зелено светло...

 Софија го условува почетокот на преговорите за членство во ЕУ со вклучување на бугарските барања во рамката за преговори за Македонија. Меѓу нив е одрекувањето од македонското малцинство во Бугарија, усогласување на патоказ за спроведување на билатералниот договор за пријателство и почитувањето на јазичната формулација.

Anesa Salihu

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button