СПОРТФУДБАЛ

Германски судии на хрватското дерби меѓу Хајдук и Динамо Загреб

Хрватската фудбалска федерација за дербито меѓу Хајдук и Динамо Загреб, кој се игра на 30. Март, го ангажираше германскиот судија Даниел Зиберт, кој е од УЕФА елитна категорија на судии и редовно ја дели правдата во Бундеслигата.

Advertisements

Зиберт судеше и во Грција на дербито меѓу Панатенаикос и ПАОК. Пред десет дена го судеше мечот на Баер Леверкузен против Волфсбург, а беше главен судија и на мечот меѓу Спортинг Лисабон и Аталанта во Лига Европа. Тој важи за еден од најдобрите германски судии, минатата сезона го судеше финалето од купот меѓу Лајпциг и Ајнтрахт Франкфурт.

Информациите од Хрватска велат дека Фудбалската Федерација на Хрватска за неговата работа на мечот меѓу Хајдук и Динамо ќе му исплати 6.000 евра, а двајцата помошници ќе добијат по 3.000 евра.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button